БИОГРАФИЈА

За Горан Тодоровски, низ годините кога се градел и музички созревал (почетоците му се од 1993 година) никогаш нема да ја смените констатацијата дека песната му е чиста љубов, на која и се предавал без калкулации, размислувања и барања. Поради музиката што го има неговиот потпис и белег, што му го креираше односот кон светот и луѓето- нештата да ги гледа поубави одошто се, енергијата и радоста што ја има на сцената, од него создадоа музичар кој го расцути македонскиот фолк.


Уште како момченце со 9 години Горан беше член на детскиот хор на „Златно славејче“, но официјалниот музички старт беше 11 години подоцна. Се започна со „Како божица“, која го вивна во самиот врв на македонската народна песна. Во раните 90-ти се случија и „Како да ти речам мила“, „Ми ја зеде среќата“, „Измама“, „Прва љубов“ (првата награда од публика на Фолк- фестот „Низа“ во 2002, потоа, , „Живот“-втората награда од жирито на истиот фестивал, следната година).


Валандовскиот фестивал и донесе многу радост на неговата публика, таму се случија „Слушни ме судбино“  (1996) - втората награда од жирито, „Виулица“- дует со Росана, која се закити со втората награда од жирито и награда за текст. „Бараш крадец “ е песната со која се претстави на последното издание на Фолк Фест Валандово 2019. Неговата „Горда мајка“ што во 2018 ја изведе Благица Калева предизвика вистинска еуфорија во Валандово и освои прво место.

 

Дуетите се значаен дел од кариерата на Горан: „Се ти простувам“ со Благица Павловска од  „Сенатор- фест“ (1994) е композиција што ги освои срцата на публиката и на жирито и го освои Гран прито, потоа во 2001 со Виолета Томовска  „Моја Битола“ на Серенада, „Љубовна сказна“ е дует со Тања Лазаревска од 2003 година, а од „Тетовски фолк фест“ е песна- евергрин “Те познавам“ што Горан ја испеа со Росана.


Стих по стих, нота по нота низ години се нижеа песни: „Да се врати сега младоста“ е  изведена на „Тетовски филиграни“ во 1994 а на престижниот Фок-фест „Цветници“ ги испеа „Лино севдалино“, „Десето лето помина Цвето“, „Кандисуј Јано за мене“


На „Роса- фест“ Тодоровски остави личен белег со композициите - „Бегај срце“, „Така нека биде“, „Еден живот малку е“, „Мое се“.


Песната што и денес секаде се пее, буквално обнародена е „Пусти мерак Ратке“ што Горан на изведе на „Серенада на широк сокак“ во 2000 година, која покрај громогласните овации на публиката во Битола се закити и со престижната награда  Гран- при. 

 

И уште една песна вредна за биографија е „Раѓај Македонијо синови“, што ја изведе Благица Павловска.

 

Најновиот осми, двоен албум е насловен како „Една по една” достојно на јубилејот во материјал се вткаени 25 години искуство, а херојот на овој текст ги почести своите обожаватели со грандиозни композиции зад кои стои проверен тим: Сашо Ливрински, Дејан Миленковски, Огнен Неделковски, Орце Зафировски и Ице Беличев. 
Песните “Срце преполовено”, “Мојот гурбет”, “Лево десно”, “Една по една”, “Кусур од вчера”, “Се до денар ќе потрошам”, “Љубов насушна”, “Црно бела љубов” се вистински химни на љубовта, копнежот и воопшто животот.

МУЗИКA

GTinitials.PNG
 

ГАЛЕРИЈА

CHA_9060.JPG
 

ВИДЕО

 
 

КОНТАКТ

Благодарам!